За нас

PHOTO

За време на своето постоење ДПГПУ (Друштво за Производство , Градежнишство, Промет и Услуги) ПРОТОТИП
ДООЕЛ СКОПЈЕ прерасна во една од најзначајните градежни фирми во Република Макдонија и пошироко.

Во својот богат и плоден пат на постојан подем, кој трае повеќе од 30 години, ДПГПУ ПРОТОТИП ДООЕЛ СКОПЈЕ ги
достигна највисоките точки во сферата на градежништвото. Сè ова се телеми врз јасно зацртаните принципи на работа:

  • долгогодишното искуство;
  • динамичната и квалитетна изградба по цена прилагодлива за сите вкусови;
  • коректниот и професионален пристап.

Нашата компанија е способна целосно да ги задоволи строгите критериуми на инвеститорите и проектантите од сите oбласти на градежната техника и притоа да се вклучи во реализацијата на секаков вид објект – независно каде и кога.

Број на вработени: 493 (информации: 08/2011)

Површина: 12.000 m2 (деловни простории, хали за производство и магацински простор)

Перспективата на нашата организација силно се темели врз:


  • амбициозни развојни планови,
  • перманентно воведување нови технолошки достигнувања во доменот на градежништвото,
  • постојано инвестирање во врвна технологија, опрема и обезбедување високо професионален кадар што води     кон поголема продуктивност,
  • афирмација и лојална конкуренција на домашниот и светскиот пазар.

Нашите услуги ги изведуваме согласно со сите законски норми во градежништвото. Како успешна градежна компанија согласно Законот за градење, ги изведуваме сите видови градба врз основа на добиените лиценци...