LOGO

PROTOTIP

Cinkarna

Секоја година околу 10% од вкупното светско производство на железо и челик пропаѓа како резултат на корозивните процеси. Процесот на топло поцинкување дава одличен резултат како за изглед така и за долготрајна и економична отпорност против агресивните атмосферски влијаниа,   поради што претставува најдобар начин за  заштита против корозија.

Фабриката на Прототип  за поцинкување на челик е лоцирана во Кичево. Овој објект брои 120 вработени и стручни кадри за извршување на производниот процес.

Цинкарната се простира на површина од 36.000m2 од кои 4.000m2 се производни хали. Димензијата на кадата за поцинкување овозможува третирање на елементи со должина до 12m’ и е со димензии од 12500х1200х1800mm, запазувајќи ги сите важечки интернационални стандарди и правила. Голем дел (90%) од производството е извозен продукт.

Годишниот производствен капацитет на фабриката изнесува од 5.000 -  10.000 тони. Магацинот за репроматеријали има капацитет од  10.000 тони.

Технологијата за машинска обработка е од FICEP - Италија. Погонот за производство  е опремен со 4 автоматизирани производни линии способни за извршување на операции кои вклучуваат сечење, дупчење и бушење. Производните линии можат да процесираат профили од L 30x30mm до L 160x160mm. За поголеми профили се користи друга технологија.

Во состав на цинкарната работи модерниот поцинкувачки погон, кој користи опрема  од германската компанијата BERG.

Фабриката произведува:
- Далеководни столбови за пренос на електрична енергија до 400kV.
- Антенски столбови.
- Рефлекторски столбови.
- Конструкции за столбни и портални трафостаници.
- Разни типови на челични конструкции од L,U и I профили за индустриски постројки, хали и електрани.
- Разни модели на улични осветлувачки столбови.
- Браници за автопатишта.

Одредувањето на дебелината на цинковата превлака е во согласност со ISO 1461 стандардот, кој ги опишува општите барања за квалитетот на превлаката: визуелен изглед на превлаката, дебелина, контрола во однос на земање на примероци, постапување во однос на недостатоци кои се јавуваат при топло цинкување, атхезија - нанесување на превлаката и др.

За одредување на дебелината на цинковата превлака се користат методите со магнетен мерач по ISO 2178 и методот со разорување по ISO 1461:1999.

SimpleViewer requires JavaScript and the Flash Player. Get Flash.