PROTOTIP
Aluminium & Glass
Нашата компанија се темели врз: перманентно воведување и имплементирање на нови технологии, проекти, изведувања и реализација на желбите и идеите, се со цел да се задоволи вкусот на инвеститорите.
Овој сектор е поделен на 5 оддели:
- Алуминиумски конструкции
- Композитни панели
- PVC – столарија
- Стакло
- Проектирање и ревизија
Во одделот “Алуминиумски конструкции” се изведуваат: структурни, полуструктурни и класични фасади, вентилирани фасади, спајдер фасади, прозори и врати (неизолирани, термоизолирани и алуминиум-дрво), автоматски врати (Dorma) и алуминиумски огради. Во изведувањето и производството на овие услуги/производи се користат системите Schϋco, Teckno, Alumil и Profilati.
Во одделот “Композитни панели” се извршува преработка на композитните панели: Alucobond, Jbond, Trespa и композитen панел со гранит.
Алуминиумскиот композитен панел е облагачки материјал кој се карактеризира со исклучителни естетски и термоизолациони параметри. Се применува во градежништвото и модерната архитектура, а исклучително е популарен и погоден за разни фасадни решенија. Исто така се применува и при изработка на рекламни апликации и реквизити. Ова се однесува на преработката на композитните материјали Alucobond и Jbond.
Покрај Alucobond и Jbond се врши преработка и на Trespa панелите. Нашата компанија во изведувањето на објектите користи 2 вида Trespa HPL плочи: екстериерни и интериерни. Истите се конфекционираат на CNC машина, под одредена димензија и соодветната носива конструкција, отпорна на UV зраци и атмосферили.
Во одделот “PVC – столарија” се произведуваат: прозори, врати и фиксни прегради.
Во одделот “Стакло” се врши: изработка на термопан стакло, аргонско полнење на стакло, производство на сигурносни стакла, изработка на стакла за огради – гелендери – газишта, стаклени прегради (фиксни и со крила), производство на стакла за звучна изолација (со SC фолија) и изработка на декоративно и пескарено стакло. Нашата компанија соработува со познатиот светски бренд за производство на стакло Guardian. Од палетата на производи на Guardian, особено треба да ги истакнеме нискоемисионите стакла (LOW-E GLASS) кои ги употребуваме во нашиот производен процес: Guardian Sun Guard Solar, Guardian Sun Guard High Performance, Guardian Sun Guard High Selective.
360 view